2025 во знакот на „Ендуро тим Водно“: Освоена 15-та титула од постоењето на клубот

0

Мотоклубот ,,Ендуро Тим Водно” од Скопје  изминатава 2025 година повторно заврши на прво место во Македонскиот шампионат во мотокрос! Со оваа титула дојде до својата вкупно 15-та титули од постоењето на клубот!

Со освоени 677 бодови од трите трки кои се оддржаа оваа година во Орман – Скопје и Смолево – Битола, „Ендуро Тим Водно“ се пласираше на првото место во целокупниот пласман од Македонскиот шампионат во мотокрос за 2025 година,пред Мококлубот Вардар (565 бода) и Мотоклубот Гевгелија (307 бода).

Оваа е трета во низа шампионска тутула за клубот,што е огромен успех за еден мото клуб.

„Ендуро Тим Водно“ од Скопје важи за еден од најтрофејните мото клубови, како во нашата земја така и во регионот.

Освен Шампионската Титула,клубот може да се пофали и со одличните резултати на Европските Шампионати.Поточно еден од најмладите членови на клубот Михаил Стојкоски се заките со титулата Шампион во класата MX85  на Алпе Адриа-Мотокрос Шампионат,а со тоа се издвојува како единствен возач од нашата држава со таков резултат.

ПретходноПочина легендарниот фудбалер на Германија и светски првак