Македонскиот интернационалец Илија Несторовски имаше извонредно издание во дресот на Славен Белупо вечерва во меч од 14. коло на хрватскиот шампионат. Нашиот фудбалски ветеран и поранешен репрезентативец постигна два гола во убедливата победа над Вуковар од 4:1.
Несторовски постигна гол за 2:0 во 25. минута од средбата и на крајот ја запечати судбината на гостите со својот втор погодок во 79. минута за конечни 4:1. Ова беше прв гол за нашиот голгетер по долга пауза, бидејќи последен пат постигна гол во септември на мечот со локомотива Загреб.










