Без поголеми проблеми, ракометарите на Вардар ја прокнижија и 13-тата победа оваа сезона во домашниот шампионат. Попладнево на отворањето на новото коло, „црвено-црните3 во Скопје беа подобри од вториот состав на Е. Пелистер со 34:24.
Гостите од Битола се обидоа достојно да им парираат на домашните и во првиот дел до 21. минута беа комплетно во егал (8:8). Вардар успеа во период од две минути со головите на Боно и Кавада да се одлепи на плус два (10:8), а до крајот на полувремето и да дојде до покомотна предност (14:11).
Во второто полувреме се беше јасно уште по првите 6-7 минути. „Црвено-црните“ се одлепија на 6 гола разлика (20:14), па до крајот на средбата рутински ја зголемуваа разликата за да дојдат до нова убедлива победа.
Во отсуство на првите ѕвезди на тимот, Стојановски и Марчинјак со по 6 гола беа најефикасни кај Вардар, додека кај Е. Пелистер 2, Гичев постигна 6 погодока.










