Тимот на Силекс денеска во Скопје во рамките од новото коло од ПМФЛ шампионатот пристигна на дуел со Македонија ЃП и ја оствари целта.
Обезбеди победа од 1:2, која што секако по репрезентативната пауза добро доаѓа за тимот од Кратово.
Тренерот Александар Васоски кој патем денеска слави и роденден, изјави дека Силекс ја оствари целта, што се однесува до бодовите но дека е незадоволен од неколку сегменти од играта на неговиот тим.















