Коцев: Штета што ваква убава победа ќе ја одбележи глупав инцидент

1

Голема, огромна победа на тимот на Брегалница денеска во рамките од новото коло во ВМФЛ шампионатот на гостувањето кај  Шкендија Арачиново. Конечните 1:2 се круна на целиот хаос кој што се случи попладнево во Арачиново.

По домашните 1:0 на полувремето се случи инциденто во кој искусниот капитен на гостите Стефан Коцев, беше нападнат до член на обезбедувањето кој што се најде на теренот.

„Штета што ваква наша убава победа е „оцрнета“ со ваков инцидент. Видовте и сами дека Брегалница изгина на теренот денеска. Не се исплашивме од притисокот, одигравме машки, и по инцидентот. Сакавме да одиграме до крај. Имаше услови за тоа, какви такви не би коментирал понатаму. Важни се нашите три бода и успехот на Брегалница денеска. Честитки за сите мои соиграчи, за тренерот Костов, за стручниот штаб. Од Арачиново си заминуваме со крената глава“ – изјави херојот на Брегалница денеска Стефан Коцев за Спортспорт.

ПретходноПо катастрофата во Лигата на шампиони дојде до тренерска смена во Загреб