Дома Ракомет Лоша вест за Јакобсен, се повреди уште еден играч на Данска

Лоша вест за Јакобсен, се повреди уште еден играч на Данска

31
Селекторот на данската ракометна репрезентација, Николај Јакобсен се соочува со проблеми пред почетокот на Европското првенство 2026, а на кое Македонија ќе отвори токму против оваа селекција.
На дуелот меѓу Алборг и Келце, се повреди Томас Арнолдсен. Со помош на соиграчите го напушти теренот, а сѐ што во моментов се знае е дека е повреда на коленото.
Томас Арнолдсен е шестиот повреден лев/среден бек на репрезентацијата на Данска после Расмус Лауге, Арон Менсинг, Ласе Мелер, Маркус Митгард и Јакоб Холм.
Можеби Даанска нема да смета на дел од нив, но има доволно избор за да биде еднакво конкрентна на големите натпреварувања.
Претходно„Огнени стрели“ за Милевски, а што ќе кажете за Горан Станиќ!?