Медиумите во САД објавија интересна статистика која вели дека почетните натпревари од НБА лигата привлекле повеќе од 60 милиони гледачи во првиот месец од сезоната. Ова е највисока почетна гледаност на НБА во последните 15 години.
Исто така содржината поврзана со НБА лигата собра повеќе од 30 милијарди прегледи на социјалните мрежи што е рекорд за стартот на една сезона. Претплатите на NBA League Pass пораснале за 10%, додека пак времењето на гледање на натпреварите на платформата пораснал за 8%. Ова се бројки кои покажуваат дека после подолго време, НБА лигата повторно станува една од најгледаните спортски лиги на планетата.










