Охрид тренираше во Градишка пред реваншот со Слога (Д)

1
фото: ГРК Охрид (FB)

Ракометарите на ГРК Охрид пристигнаа во Градишка, Босна и Херцеговина, каде што утре, од 18:00 часот ќе го одиграат реванш натпреварот од третото коло од ЕХФ Европскиот Куп со екипата на Слога Добој.

Охриѓани вечерва го одработија и официјалниот тренинг во “Арена Градишка”.

Првиот натпревар во “Билјанини Извори” заврши со убедлива победа на Охрид од 18 голови разлика и со тоа веќе со една нога обезбеди пласман во следното коло.

ПретходноНБА лигата има најгледан почеток на сезоната во последните 15 години