Ц. Звезда промаши напад за победа, Партизан поразен дома

17
фото: EuroLeague (X)

Кошаркарите на Фенербахче ја оправдаа фаворитската улога и ја совладаа екипата на Партизан со 87:99. Кошаркарите предводени од литванецот Јасикевичиус одиграа фантастично прво полувреме и на паузата водеа со резултат 39:56. Во вториот дел домашните кошаркари се вратија во натпреварот и во еден момент дојдоа и на -5, но не успеаја целосно резултатски да се вратат и го остварија осмиот пораз сезонава.

Црвена Звезда и гостуваше на Валенсија и загуби со резултат 76:73. Најефикасниот кај домашниот тим беше Бадио со 16 поени, додека пак кај Звезда најефикасен беше Милер Мекинтајер со 23 поени. Со овој триумф Валенсија остана на 9-тата позиција, додека пак Црвена Звезда се задржа на второто место.

Во останатите натпревари кои се одиграа вечерва Олимпијакос го совлада Париз со 98:86, Басконија беше убедлива со Баерн со резултат 95:73 и Виртус Болоња триумфираше против Макаби со 99:89.

ПретходноКиеза донесе одлука: Ако до 20 јануари не добијам минутажа, си одам
СледноВаленсија со минимален резултат го доби градското дерби