Фудбалерите на Бенфика победија на гости кај Атлетико синоќа во осминафиналето од Купот на Португалија, но Жозе Мурињо не беше задоволен од првото полувреме на својот тим.
Она за што сите зборуваат е потегот на Мурињо на полувремето, а потоа и неговото објаснување за сè по натпреварот. Мурињо прво го покажа своето незадоволство од играта со тоа што направи четири замени на полувремето.
И по натпреварот беше интересно бидејќи Мурињо беше многу, многу лут и незадоволен од она што го виде од своите играчи.
„Направив четири замени на полувремето, но требаше да направам девет замени. Тие девет играчи не беа на теренот. Само двајца требаше да останат во играта.“
Дали системот функционира?
„Системот функционира, играчите се тие што не функционираат. Не ги сакам играчите што ме предаваат“, е јасен Мурињо.
Останува да се види што ќе се случи во следниот натпревар на Бенфика и дали ќе има многу промени во составот.
Исто така, прашање е на кои играчи мислеше Мурињо…










