Бутел лесно се справи со „фенерџијата“

26
фото: RK Butel Skopje (FB)

„Фенерџијата“ Радовиш не успеа да му даде посилен отпор на тимот на Бутел во првиот денешен меч од 13. коло во домашната Суперлига. Бутел како домаќин славеше со убедливи 36:20 и дојде до својата шеста сезонска победа, нанесувајќи му го и тринаесетиот пораз на гостинскиот тим.

Домашнте во текот на целиот натпревар доминираа и имаа пристојна предност, која на крајот беше огромна. Најголемиот дел од ракометарите кои добија шанса во домашниот тим и успеаја да се запишат во листата на стрелци, но меѓу нив најефикасен со 9 погодока беше Узунчев.

ПретходноСерија А: Болоња реди победи, реми со шест гола на Сардинија (ВИДЕО)
СледноБундеслига: Ундав сам против Борусија (Д), Баерн со шест гола против Фрајбург