Селта ги однесе трите бода од гостувањето кај Алавес

17

Тимот на Селта успеа да дојде до големи три бода од гостувањето кај Алавес триумфирајќи минимално со 0:1, во првиот дуел од денешниот Примера распоред.

Клучниот момент на мечот се случи во вториот дел односно во 55. минута кога сега веќе 38. годишниот Јаго Аспас реализираше удар од белата точка и на тој начин му донесе водство на гостинот.

Потоа, домаќинот се обиде да се врати во игра, но безуспешно затоа што гостите издржаа и ги освоија трите бода.

Истите и тоа како се значајни со оглед на големиот број на екипи во долниот дел од табелата во Примера кои се со сличен учинок сезонава.

Селта сега е десетта со 15 бодови, додека пак Алавес е со бод помалку и две места подолу.

 

ПретходноЧелзи со гостински триумф кај Барнли
СледноМВР го приведе лицето кое предизвика инцидент на мечот Шкендија (А) – Брегалница