Сестрата на Роналдо до критичарите: Мојот брат ја носи Португалија на грб веќе 20 години…

47
Фото: Кристијано Роналдо X

Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро, возврати на критиките упатени кон напаѓачот за неговата посета на Белата куќа, истакнувајќи го неговиот огромен придонес за имиџот на Португалија.

Ѕвездата на Ал-Наср и Португалија неодамна присуствуваше на вечера во Белата куќа, организирана од американскиот претседател Доналд Трамп, предизвикувајќи низа коментари.

„Смешното е што тие навистина веруваат дека ова ќе му наштети на имиџот на Кристијано Роналдо. Настрана скромноста, замислете 40-годишен маж кој ја носи Португалија на своите рамена 20 години, кој се издигнал од сиромаштија и изградил империја без врски, без услуги и без да украде ниту денар од никого. Дали навистина мислите дека тој е губитник?“, рече Авеиро.

Таа продолжи со своите остри критики кон оние кои го осудуваат нејзиниот брат:

„Нему не му е гајле што некои огорчени луѓе, таканаречени професионалци, решиле да измислат скандал. Кристијано Роналдо направи повеќе за земјата отколку која било тркалезна маса. Конференциски маси, панели за коментари, воини на тастатура… Момци и девојчиња, поради него зборуваат за величината на Португалија, додека многу од критичарите и коментаторите се недоследни дури и во своите реченици.“

„Мора да си очаен. Ја видов твојата критика, но, по ѓаволите, штета. За жал, нашата земја сè уште има многу да учи во однос на зависта и немислењето дека сме попаметни од другите. Тоа е одвратно, грдо е и штетно за нашиот имиџ“, заклучи Катја Авеиро.

ПретходноДетонит бара службени 3:0 поради неправилна измена на Преспа
СледноПМФЛ полувреме: Вардар промаши зицер за 0:0 во Струмица