Уште една добра партија на Јакимовски за победа на Тренто

48
ФОТО: Aquila Basket Trento/FB

Андреј Јакимовски и вечерва покажа дека е во одлична форма. Македонскиот кошаркар во дресот на Тренто, во меч од 9.коло во Лега А, и тоа како даде свој придонес за нова победа на Тренто.

Македонецот сега запиша 9 поени и имаше шест скокови и беше еден од клучните играчи на Тренто во победата над Тревизо со 81:68.

Инаку Јакимовски мина 24 минути во игра.

Со оваа победа, четврта сезонава, неговиот Тренто сега се наоѓа на 9 место.

Ваквите игри на Андреј Јакимовски можат само да го радуваат селекторот Марјан Илиевски.

ПретходноЧаир ја доби драмата со Маџари за втора победа сезонава
СледноПрослава на “Марадона“ за Елиф Елмас и неговата 200-ка за Наполи!