Чаир ја доби драмата со Маџари за втора победа сезонава

29

Чаир и Маџари одиграа интересен натпревар со бројни пресврти, на крајот победата му припадна на домаќинот, кој славеше со 83-79 за втора победа оваа сезона. За дебитантот ова беше уште еден меч во кој беше блиску до триумфот, но не успеа да го задржи темпото до крај.

Победникот се решаваше во последната четвртина во која гостите се вратија резултатски.  На три минути до крајот со тројката на Димчевски, Маџари поведе со 73-78. Чаир успеа да изедначи на 78-78 на минута и пол до крајот. Грин беше половичен од линијата за слободни фрлања за 78-79, на другата страна Реџа постигна тројка за 81-79. Остнаа 30 секунди до крајот. Тодоровиќ повика тајм-аут, Грин изнуди две слободни, но не ги реализираше. На другата страна Стурдивант стави печат на победата.

Прв стрелец кај Чаир беше Билингслеј со 22 поени, кај гостите Грин имаше 23 поени.

 

ПретходноЛудило на “Ст. Џејмс Парк“: Њукасл конечно го “скрши“ Манчестер Сити!
СледноУште една добра партија на Јакимовски за победа на Тренто