Роберт Левандовски има огромна желба да ја заврши кариерата во Барселона и дури неодамна имаше информации дека ќе се пензионира на крајот од оваа сезона доколку не добие продолжување на соработката со Каталонците.
Сепак, полскиот напаѓаќ набрзо го демантираше ова и рече дека не размислува за пензионирање, но призна дека останувањето во Барселона е негова најголема желба. Тој е подготвен и да биде резервна опција во нападот следната сезона, бидејќи не е тајна дека Барселона сака да ги доведе Хари Кејн или Хулијан Алварез следното лето.
Сепак, шпанските медиуми наведуваат дека е малку веројатно Барселона да го задржи Левандовски бидејќи со неговото заминување би ослободиле значителен буџет за плати, што би им го олеснило доведувањето на нов напаѓач. Затоа повторно се шпекулира дека заминувањето на Левандовски е сè пореална опција и дека тој веќе има понуда од друг клуб на маса.
Инаку неодамна се појави информација дека турскиот гигант Фенербахче е заинтересиран за услугите на Левандовски, а медиумите во Турција пренесоа дека челниците на овој клуб официјално го контактирале Полјакот. Фенер веќе го воспоставил првиот официјален контакт со Левандовски и неговиот агент, а со тоа од Истанбул му дадоа до знаење колку сакаат да го видат во дресот на нивниот клуб.
Му нудат на Левандовски двегодишен договор со опција за продолжување на соработката и двојно поголема плата од онаа што моментално ја има во Барселона.
Разговорот со Левандовски наводно бил доста добар, поради што постои оптимизам кај челниците на Фенер дека можат да го доведат следното лето.










