„Фенерџијата“ Радовиш не успеа да му даде посилен отпор на тимот на Бутел во првиот денешен меч од 13. коло во домашната Суперлига. Бутел како домаќин славеше со убедливи 36:20 и дојде до својата шеста сезонска победа, нанесувајќи му го и тринаесетиот пораз на гостинскиот тим.
Домашнте во текот на целиот натпревар доминираа и имаа пристојна предност, која на крајот беше огромна. Најголемиот дел од ракометарите кои добија шанса во домашниот тим и успеаја да се запишат во листата на стрелци, но меѓу нив најефикасен со 9 погодока беше Узунчев.










