ГРК Охрид стави убедлив печат на пласманот во 4. коло во ЕХФ Европскиот Куп

0
Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид стави печат на пласманот во четвртото квалификациски коло во ЕХФ Европскиот Куп, откако и на вториот меч го совлада составот на Слога Добој. Македонскиот тим на гостински терен славеше со 18-42.

Охриѓани победата ја најавија во првите 13 минути во кои отворија со 2-9, на средината на првото полувреме резултатот беше 4-14. Доминацијата на македонскиот тим продолжи, на теренот ништо не се промени ниту пред одморот, ниту после него. После 30 минути игра беше 8-19.

Вторите 30 минути беа чиста рутина за македонскиот тим, кој без проблем го приведе мечот во своја корист.

Савревски со девет гола беше лидер кај победникот, пет имаше Лиапис.

ПретходноВан Дајк: Атмосферата е лоша, ние сме во навистина тешка ситуација!
СледноКам-бек на Никола Костески, Алкалоид го има „лекот“ за ГРК Тиквеш