Мелиќи: Купот е минато, Дрита е далеку, размислуваме само на Арсими

1

Екипата на Шкендија утре во  рамките од новото коло од ПМФЛ шампионатот, ќе ги одимери силите со тимот на Арсими на гостински терен.

Актуелниот шампион има згуснат распоред сезонава, едвај најде термин да го одигра 1/8 финалето од Купот на Македонија, во кој елиминиран е тимот на Тиквеш.

Сега, тетовци можат да се скоцентрираат на Арсими, за веднаш потоа да почнат да се подготвуваат за дуелот против Дрита во Лигата на Конференциите.

„По многу важната победа во Купот, Шкендија успешно ја заврши работата на овој турнир и сме меѓу осумте најдобри екипи во Македонија. Сега целиот фокус е на првенството. Мислам дека ова е еден од најсилните натпревари, бидејќи Арсими навистина ни зададе проблем во Тетово и целиот фокус утре е на Арсими. Тимот е во добра форма, бидејќи направивме позитивен резултат и во Европа, но и во првенството и во Купот, иако двете се различни приказни. Мораме да ги заборавиме сите овие резултати и мора да се фокусираме на Арсими. Направивме анализа, но мислам дека ако ги спроведеме тренерските должности на најдобар можен начин и Шкендија е каква што треба да биде, нема да имаме никакви проблеми. Во овој момент, никој не размислува за натпреварот со Дрита, бидејќи целиот фокус утре е на натпреварот со Арсим. Дури откако ќе го поминеме овој натпревар, ќе почнеме да размислуваме за натпреварот со Дрита. Поканувам што е можно повеќе навивачи да дојдат, верувам дека ќе биде добар натпревар, но ќе одиме на победа. Шкендија има многу квалитетни играчи и не треба да размислува за овој дел. Утре ќе одиме само на победа и три бода“ – изјави Анес Мелиќи.

Дуелот против Арсими е закажан за утре од 13:00 часот.

 

 

 

 

 

ПретходноФИБА ги одреди организаторите на младинските првенства – Македонија не е меѓу нив!