Пелистер продолжува победнички во Супер-лигата. После поразот во Лигата на шампиони, македонскиот првак се рехабилитираше на гости кај Пролет каде славеше со 25-31 во меч од 13-то коло. За битолчани ова беше 11-ти триумф, имаат реми и пораз. На другата страна пак Пролет го запиша осмиот пораз, има реми и четири победи.
Манасков постигна осум гола, додека Радивојевиќ шест кај победникот. На другата страна Стојановски имаше девет гола.
Првото полувреме беше релативно изедначено. Гостите отворија со 2-6, но домаќинот успеа да дојде на негатива од еден гол 6-7. На одморот сепак Пелистер ја имаше позитивата (11-14).
Во продолжение битолчани „нагазија“ онолку колку што беше потребно за да дојдат до бодови. На средината на второто полувреме беше 17-24, позитива која го најави крајот на мечот.
Пелистер го чека дуел со Магдебург на домашен терен во ЛШ, а потоа пресметка со Алкалоид во Супер-лига.










