По доста лоши услови за игра, со оглед на катастрофалната состојба на терено на стадионот Благој Истатов во Струмица, екипите на Брера и Вардар го играат својот дуел од новото ПМФЛ коло кое што се игра викендов.
Вардар доминира во првото полувреме, има иницијатива, но тешкиот терен не дозволува фудбалска убавина.
Единствената шанса гостите ја имаа преку Едис Спахиу кој по корнерот, кусата акција и нафрлувањето на Маневски не реагираше најдорбо на вториот дирек иако имаше идеална ситуација.















