ТФТ убедлив против МКК Куманово, Кожув ги декласира Ангели (ФОТО)

0

Вечерва од терминот од 18 часот се одиграа две меча од 8.коло во нашата елитна кошаркарска лига. Кошаркарите на ТФТ, како домаќини, славеа убедлива победа против МКК Куманово и тоа со 80:64.No description available.

Ова требаше да биде и дерби на колото ако се знае дека силите ги одмерија второпласираниот и третиот тим на табелата до ова коло. Ама се чини дека тимот од Тафталиџе го “расипаа“ дербито со оглед на тоа дека беа далеку подобар тим. Уште од почеток на мечот покажаа дека на оваа средба ги интересира само победа и ништо друго.No description available. По првите две четвртина имаа разлика од +17 поени, потоа следуваше само рутинско одработување на задачата. Кумановци колку и да се трудеа сепак не можеа ништо да сторат освен на крајот да му честитаат на подобриот од себе на вечерашниот дуел.No description available.

Ова е седма победа за ТФТ, па така до мечот на Пелистер, токму ТФТ го запоседна врвот на табелата.

Кога сме кај поентерите Дејвис кај ТФТ со 23 поени беше најефикасен, додека Стевановиќ кај гостите запиша 20 поени.

На вториот меч Кожув со +30 поени разлика, или 89:59 успеа да слави над младиот состав на Ангели. Освен во првата четвртина (21:20) и третата (19:19), домашниот состав беше и тоа како убедлив. Едноставно гевгеличани покажаа сила и просто го декласираа тимот од Скопје.

Ова беше петта победа за Кожув а седми пораз на Ангели.

Николас со 24 поени беше најефикасен кај победничкиот состав, а Настоски и Форхосам запишаа по 13 поени кај гостите.

ПретходноИско наскоро се враќа на терен по три месеци пауза