Џошуа тврди дека парите не се главниот мотив за борбата против јутјуберот Џејк Пол

0

Антони Џошуа откри зошто се согласил на контроверзниот меч против Јутјуберот Џејк Пол, кој ќе се одржи на 19 декември во Мајами. Иако од овој дуел ќе заработи околу 80 милиони евра, британскиот тешкаш тврди дека парите не се единствената причина. Потсетуваме, Џошуа и Пол ќе се соочат во професионален меч на осум рунди по три минути. За Џошуа тоа ќе биде прво враќање во рингот откако во септември минатата година на Вембли беше нокаутиран од Даниел Дубоа во борбата за ИБФ-титулата.

Одлуката да го прифати предизвикот на Пол предизвика вистинска бура во боксерскиот свет и бројни прашања околу тоа како ќе влијае на неговото наследство. Но, на прес-конференцијата во Мајами, Џошуа ја објасни својата страна на приказната.

„Ова беше одлична шанса за мене да се борам. Сакав да земам 12 месеци пауза од спортот (по Дубоа). Тоа и го направив, и време беше да се вратам на работа. И онака планирав борба, всушност, би се борел и овој викенд ако беше по мое. Се појави оваа можност и си помислив: ‘Да, зошто да не’“, рече Џошуа.

„Ги имате Џејк Пол против Ентони Џошуа, а ние сме тука во Мајами. Ги обединивме Европа, Африка, Азија, Нигерија… целиот свет за да ја гледа оваа шоу-програма на Нетфликс. Ќе биде феноменално. Така и завршивме овде – двајца момци кои сакаат да направат добра претстава“, додаде.

На прашањето за бројните критики што ги доби поради мечот, Џошуа инсистираше дека негативните коментари не го допираат.

Британецот Џошуа, 36-годишен поранешен двократен обединет шампион во тешка категорија. Пол (12-1, 7 KO) сè уште е почетник во овој спорт, без значајно аматерско искуство и со само 70 професионални рунди од 2020 година наваму.

Сега ќе направи огромен скок – од ММА борци и просечни боксери до Џошуа (28-4, 25 KO), еден од најопасните нокаутери и најтрофејни тешкаши во светот.

ПретходноПол позиција на Норис во Лас Вегас: Беше ужасно стресно и прилично непријатно