Алегри: Интер е фаворит за Скудетото, но во дербито сè е можно

25
ФОТО: AC Milan/FB

Викендов на програмата е големото миланско дерби помеѓу екипите на Интер и Милан, а како најава за мечот, кормиларот на „Миланезите“, Масимилиано Алегри го прокоментира претстојниот фудбалски спектакл.

„Ќе биде прекрасна вечер. Интер-Милан е историско соперништво и ќе биде фантастичен натпревар“, рече тренерот на „росонерите“.

„Интер и Наполи се фаворити за Скудетото. Тие победија на 11 од последните 12 натпревари. Имаат технички и физички силни играчи, но дербито е секогаш нешто различно. Ќе мора да одиграме солиден натпревар и да бидеме поконцентрирани; тоа ни недостасуваше во Парма“, додаде тој.

Ова се големите натпревари што ви даваат толку многу адреналин и возбуда додека се подготвувате за нив. Потоа ќе видиме дали бевме доволно добри и малку среќни за да постигнеме резултат, или дали другите беа подобри.“ – гласно размислуваше искусниот стратег.

Според Алегри, противникот не се променил значително од тренерската реконструкција, во која Симоне Инзаги беше заменет со Кристијан Киву.

„Во однос на карактеристиките, тие се повеќе или помалку слични. Јадрото на тимот е приближно исто. Киву одлично ја врши работата, за прв пат во голем клуб се справува навистина добро. Можете да видите дека тимот е кохезивен и обединет. Мислам дека има мала разлика со Инзаги. Играчите се скоро исти“, забележа Алегри. „

ПретходноПМФЛ полувреме: Вардар промаши зицер за 0:0 во Струмица
СледноВардар триумфално низ Струмица (ВИДЕО)