Алкалоид домаќин на Тиквеш, ГРК Охрид по „печат“ во Градишка

1

Денеска се играат три натпревари од 13-то коло во Супер-лигата, додека еден македонски тим ќе настапи на европска сцена.

Алкалоид кам-бекот на победничките патеки ќе го бара против ГРК Тиквеш на домашен терен, мечот е закажан со почеток во 18 часот во салата Автокоманда. Овие два тима имаат одиграни 11 меча, а на 10 од нив победил Алкалоид, една средба завршила без победник и тоа во 2023 година.

Момците на Кирил Лазаров се четвртти на табелата со 18 бода, три зад ГРК Охрид кој има меч повеќе, додека пак ГРК Тиквеш е петти со 14 бода.

На домашна сцена Бутел Скопје го пречекува Радовиш (16 часот), додека пак Пролет е домаќин на Пелистер (17 часот).

ГРК ОХРИД ПО ПЕЧАТ НА 4. КОЛО ВО ЕХФ ЕВРОПСКИОТ КУП

Екипата на ГРК Охрид денеска го игра реванш мечот против Слога Добој во рамките на третото квалификациско коло во ЕХФ Европскиот Куп. После убедливиот триумф на домашен терен од 37-19, на езерскиот тим му останува да ја повтори играта и да стави печат во следното коло.

Ракометарите на ГРК Охрид во текот на вчерашниот ден го одработија единствениот тренинг пред овој меч.

ПретходноБесниот Мурињо ги шокира играчите на Бенфика: Кои се „предавниците“?