Уф, каков меч на „Ст. Џејмс Парк“? Уф, каков фантастичен меч, како од некоја друга планета.
Њукасл – Манчестер Сити 2:1. Конечно победа за „црно – белите“ по цели седум години во Премиерлигата, конечно победа на Еди Хау против Сити во својот 19 меч. Неверојатно, токму затоа кога се отсвири крај, кога Њукасл победа, трибините на „Ст.Џејмс Парк“ просто експлодираа.
Барнс во 63.минута, брзо израмнија гостите пет минути подоцна со голот на Рубен Диас.
Но, повторно Барнс тресе за 2:1 во таа 70.минута. Овој момент ВАР го прегледуваше дури 3-4 минути.
Инаку меч за уживање, меч кој долго ќе се памети, ако се знае дека и и едните и другите имаа барем по 3-4 идеални шанси.
Ерлинг Халанд остана на тие 99 голови во Премиерлигата, и овојпат немаше среќа да дојде до јубилејната “стотка“.










