Феникс 2010 го „прелета“ Работнички во последната минута (ФОТО)

1

Во драматична завршница во СРЦ „Кале“, екипата на Феникс 2010 успеа да му го нанесе четвртиот сезонски пораз на градскиот ривал Работнички во првиот денешен меч од 8. коло во домашното првенство победувајќи со 67:71.

Иако Работнички скоро во текот на целиот меч беше во водство, сепак, гостите успеаја во последните 60 секунди од мечот да дојдат до водство со поените на Дајсон (66:67) и до крајот да ја задржат предоста за победа со успешно изведените слободни фрлања на Рахама.

Првата четвртина заврши во егал (15:15), но Работнички успеа во вторите 10 минути да направи голема предност, откако го доби периодот со дури 19:10. По паузата следуваше уште една израмнета четвртина во која домашните успеаја да ја задржат предноста од 9 поени и да влезат во финалниот период со солидна предност.

Но гостите не се предадоа, успеаја да ја стопат предноста на домашните и на крајот да и се израдуваат на третата победа оваа сезона.

Рахама со 24 и Дајсон со 20 поени ги предводеа гостите до победа, додека кај Работнички најефикасен беше Томсон со 18 поени.

ПретходноХамилтон постави анти-рекорд во Ферари