Откако беше објавено дека ФК Детонит упати жалба до надлежните во ФФМ поради тоа што на мечот со Преспа, гостите не го почитувале правилото за играчи до 21. година. Па така овој тим бара место 1:1 како што заврши мечот, истиот да се регистрира со службени 3:0 за нив поради пропустот на Преспа.
Попладнево реагираше и клубот од Ресен, реакцијата ви ја пренесуваме во целост:
“Во пресрет на утакмицата во Радовиш на ден 21.11.2025 година противник ни беше екипата на Детонит Плачковица , во еден фер и коректен натпревар со резултат 1:1 , наш прв бод во гости ! Поднесена е жалба од домашната екипа и е објавена по порталите за неправилна замена , ние утакмицата ја започнавме со тројца играчи и ја завршивме исто со тројца играчи до 21 година според правилникот на официјалната страна на ффм ! Никаде не е нагласено дека мора да на сите 90 минути да имаме тројца играчи на терен до 21 година !
Нашата борбра е за опстанок и секој бод ни е потребен нема да дозволиме да ни биде оддземен ке одиме до крајност !
Жално е на децата кои изгинаа на терен да му се одземи бод кој можи многу да ни значи
Спортски поздрав до домакините за фер и коректниот натпревар !










