Арсими и го зема “здравјето” на Шкендија (ВИДЕО)

162

Голема, огромна победа за екипата на Арсими во дуелот од денешното, 14. коло од ПМФЛ шампионатот, против актуелниот шампион, тимот на Шкендија.

Тимот од Чегране триумфираше со за многумина зачудувачки 3:0 против екипата која што годинава е наш претставник во групната фаза од Лигата на Конференции.

Сепак, овој факт ни оддалеку не ги поколеба играчите на Арсими да одиграат екстра второ полувреме да постигнат три гола и да го „спуштат“ на земја во моментов најдобиот клуб во Македонија.

По првичните 0:0 на полувреме, во продолжението на мечот, најпрво Шефити, кој што е во одлилна голгетерска форма есенва, а потоа и  Таипи на брзина му донесоа двојно водство на домаќинот.

Шкендија во чудо, се обиде нешто резултатски да врати од негативата, но напротив, Јахији, дополнително го зголеми шокот постигнувајќи гол за 3:0 во 75. минута.

Потоа за Шкендија ниту имаше време, ниту пак шампионот имаше сила за нешто. Тетовци сега се трети со 30 бодови, додека пак Арсими е шести со 18 бодови на контото.

 

ПретходноПарма со гостинска победа кај Верона
СледноТиквеш убедлив против Башкими