Тимот на Астон Вила продолжува да импресионира со игрите и резултатите оваа есен откако и денеска успеа да освои три бода на тешкото гостување кај Лидс.
Иако домаќинот по само осум минути игра успеа да обезбеди предност со голот на Нмеча, сепак на крајот Лидс остана со празни раце.
Во 48. минута Роџерс погоди за изедначување, за да во 75. минута истиот играч направи комплетен пресврт.
Лидс израмни преку Калверт Левин но голот беше поништен поради игра со рака.
Вила е на одличното четврто место по дванаесет меча со 21 освоен бод, додека Лид има од исто толку мечеви единесет поени и осумнаесто место.










