МЗТ Скопје се спаси во Кавадарци

58

Многу потешко од очекувањата, тимот на МЗТ Скопје вечерва успеа да слави на гостувањето во Кавадарци, кај тимот на Тиквеш со минимални 82:85.

Иако на стартот на мечот ништо не наговестуваше дека истиот ќе биде неизвесен, сепак, домаќинот, но и гостинот кумуваше тоа така да биде.

Првата четвртина МЗТ Скопје рутински ја доби со 15:28, а и втората со 18:21. Сепак, во вториот дел домаќинот успеа да ја консолидира играта, пред се очигледно одбраната, па најпрво ја доби третата делница со 27:18, за да во последниот дел, мечот навистина стане неизвесен.

МЗТ Скопје сепак, за нијанса посконцентриран во самиот финиш и успеа да ги освои реално веќе оспланираните бодови.

Најјефикасен на мечот беше Бошалевски со 19 поени додека пак кај гостите најдобар Гил со два помалку.

 

ПретходноАстон Вила со пресврт до триумф кај Лидс
СледноРед Бул Лајпциг со домашен триумф над Вердер