По серија од пет порази Гостивар славеше: Пелистер поразен во „Младост“

59

Кошаркарите на Гостивар вечерва приредија големо изненадување победувајќи го Пелистер во последниот натпревар од 8. коло во Првата лига. Гостиварчани пред своја публика славеја против Пелистер со 89:86 и ја прекинаа серијата од пет последователни порази. Ова беше и деби победа за новиот предводник на тимот, Александар Петровиќ.

Пелистер очигледно заморен од серијата настапи и на домашната и на европската сцена, вечерва потфрли и не успеа да дојде до планираните бодови. Гостите се мачеа цел натпревар, а особено лошо за нив беше првото полувреме во кое дозволија Гостивар да направи голема предност која подоцна се покажа и како решавачка (46:32).

Во вториот дел битолскиот тим се врати во ритам, но се чини немаше сили за комлетен пресврт. На една минута до крајот Гостивар влезе со предност од 88:80, Пелистер во самата завршница дојде до 89:86, но тоа беше се, за што имаше време.

За Гостивар ова е само втора сезонска победа, додека Пелистер го запиша вториот пораз. Вечерва најефикасен кај домашните беше Амерканецот Абрам со 22 поени, додека кај Пелистер Митревски постигна 23.

ПретходноЌамили ладнокрвно во 100-тата минута за победа на Сондерјиске
СледноФудбалски „доктор“: Роналдо и на 40 години постигнува голови со „ножички“ (ВИДЕО)