Рајковиќ: Победата му ја посветуваме на ова дете кое избори животна победа! (ВИДЕО)

0

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ, по вечерашната голема победа на неговиот Тофаш над Анадолу Ефес во турскиот шампионат, во соблекувалната ја посвети победата на тимот на едно младо момче, навивач на Тофаш, кој се избори со канцерот и повторно беше на трибините на омилениот тим.

Рајковиќ во обраќањето кон своите играчи потенцираше дека сите во клубот мора да знаат дека победите не се добиваат само за бодови и успех на табелата, туку и за ваквите млади момчиња кои треба да научат дека треба да се борат во секоја ситуација во животот.

ПретходноРетки се ваквите клупски легенди: Коке запиша 700 настапи за Атлетико (М)!