Серафимов стрелец во голеадата на Левски

1

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Никола Серафимов погоди во победата на својот тим левски попладнево кај тимот на Монтана.

Конечните 1:5 се показател дека Левски на овој дуел домонираше, а Серафимов одлично ја искористи шансата во првите единаесет.

Стоперот добро се снајде во судиското продолжение од првиот дел, кога слободниот удар најпрво топката ја одведе во гредата, а кога таа се одби во поле Серафимов се најде на вистинското место.

 

ПретходноРед Бул Лајпциг со домашен триумф над Вердер