Фудбалски „доктор“: Роналдо и на 40 години постигнува голови со „ножички“ (ВИДЕО)

122
фото: Fabrizio Romano (X)

Дека годините не му значат ништо, Кристијано Роналдо покажа уште еднаш вечерва во новиот настап во шампионатот на Саудиска Арабија. На натпреварот на неговиот Ал Наср против екипата на Ал Халеј (4:1), португалскиот фудбалер постигна фантастичен гол со „ножички“ во самиот финиш на натпреварот.

Атракцијата во многу кусо време стана хит на социјалните мрежи, а Роналдо денеска стигна до голот број 954 во својата кариера и се уште оди кон целта – 1000 гола во кариерата.

ПретходноПо серија од пет порази Гостивар славеше: Пелистер поразен во „Младост“
СледноГолем „пех“ за Денвер: Јокиќ останува без еден од главните соиграчи повеќе од еден месец