Ќамили ладнокрвно во 100-тата минута за победа на Сондерјиске

0
фото: Superliga.dk (FB)

Со својот трет гол сезонава, македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили му донесе голема победа на својот Сондерјиске во мечот од 16. коло против Митјиланд во данската Суперлига.

Во драматичната завршница на средбата, домашните успеаја да заработата пенал во 100-тата минута од средбата, а нашиот репрезентативец ладнокрвно ја презеде одлучувачката улога и успеа да го реализира ударот од белата точка за победа од 2:1 на Сондерјиске.

Со овој триумф тимот на Ќамили се искачи на петтото место на табелата со серија од пет меча без пораз.

ПретходноМРК Куманово водеше цел натпревар, но победата отиде во Прилеп