Македонскиот фудбалски шампионат денеска го има своето продолжение со дуелот во Кавадарци помеѓу екипите на Тиквеш и Башкими. Уште еден важен меч за екипи кои што се борат за што подобар пласман на табелата и не планираат да сртавуваат за својот статус до самиот крај на шампионатот. Домаќинот има тешка полусезона. Резултатите не се посакуваните, дојде и до промена на тренерот, сега Борче Христов е „главен“ веќе неколку кола.
„Овој меч е многу важен за нас. Знаеме со кого играме, Башкими е добар тим. Покажаа доста до сега сезонава. Но Тиквеш планира денеска да освои бодови, а тоа ќе го направи само ако даде максимум на терен. Тиквеш има квалитет и не заслужува да е на местото на табелата каде што е во моментов. Со поддршката на нашата верна публика, и секако „Лозарите“ мислам дека имаме сила и капацитет да дојдеме до победа денеска“ – вели Иван Ивановски. Дуелот во Кавадарци стандардно почнува од 13:00 часот.










