Падна и Анадолу Ефес: Рајковиќ и Тофаш не губат дома

0
фото: TOFAŞ Spor Kulübü (X)

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и неговиот Тофаш ја продолжија непобедливата серија на домашен терен во турското кошаркарско првенство. Вечерва пред своите навивачи Тофаш го совлада и фаворизираниот Анадолу Ефес со 86:79 и со тоа ја запиша и петтата победа сезонава, сите остварени на домашен терен.

Тофаш има 5 од 5 пред своите навивачи, но на гостински терен игра сосема спротивно. Вечерва тимот на Рајовиќ го имаше одлично расположениот Перез кој постигна 18 поени и го предводеше тимот до нова победа.

ПретходноСерафимов стрелец во голеадата на Левски