Ред Бул Лајпциг со домашен триумф над Вердер

1

Со головите на Оуедраого и Шлагер, тимот на Ред Бул Лајпциг со конечни 2:0 попладнево беше поуспешен на домашен терен од тимот на Вердер Бремен во првиот од двата дуела од Бундес лигата денеска.

Домаќинот поведе реалтивно доцна во 63. минута, а потоа гостите изедначија преку Топ но голот поради офсајд беше поништен.

Во 80. минута Шлагер го зголеми домашното водство и воедно ги постави конечните 2:0.

Ред Бул е втор со 25 бодови, додека пак Вердер е осми со 15 поени.

 

ПретходноМЗТ Скопје се спаси во Кавадарци