Голема, огромна победа за екипата на Арсими во дуелот од денешното, 14. коло од ПМФЛ шампионатот, против актуелниот шампион, тимот на Шкендија.
Тимот од Чегране триумфираше со за многумина зачудувачки 3:0 против екипата која што годинава е наш претставник во групната фаза од Лигата на Конференции.
Сепак, овој факт ни оддалеку не ги поколеба играчите на Арсими да одиграат екстра второ полувреме да постигнат три гола и да го „спуштат“ на земја во моментов најдобиот клуб во Македонија.
По првичните 0:0 на полувреме, во продолжението на мечот, најпрво Шефити, кој што е во одлилна голгетерска форма есенва, а потоа и Таипи на брзина му донесоа двојно водство на домаќинот.
Шкендија во чудо, се обиде нешто резултатски да врати од негативата, но напротив, Јахији, дополнително го зголеми шокот постигнувајќи гол за 3:0 во 75. минута.
Потоа за Шкендија ниту имаше време, ниту пак шампионот имаше сила за нешто. Тетовци сега се трети со 30 бодови, додека пак Арсими е шести со 18 бодови на контото.













