Верстапен победи во Лас Вегас, Норис е на чекор до титулата!

30
ФОТО: Formula 1/X

Холанѓанецот од тимот на Ред Бул, Макс Верстапен е победник на Големата награда на Лас Вегас која по утринава се возеше по средноевропско време. Актуелниот светски шампион имаше одлична трка и победи пред Ландо Норис од Мекларен, кој може да биде задоволен со второто место, со оглед на тоа што тоа му овозможи да ја обезбеди шампионската титула следниот викенд. Џорџ Расел исто така заврши на подиумот.
Норис сега има 30 бода предност во генералниот пласман пред колегата од Мекларен, Оскар Пјастри, кој денес заврши четврти, и 42 бода предност пред Верстапен. Следниот викенд е Големата награда на Катар, претпоследната трка во сезоната, а Норис може да ја обезбеди својата прва титула во кариерата таму. Верстапен го презеде водството на стартот и не го испушти.
Норис стартуваше од пол-позицијата и агресивно, го одбрани првото место пред Верстапен, но отиде премногу широко во кривината. Верстапен и Расел го искористија ова и го фрлија Норис на третото место. Возачот на Ред Бул беше недостижен до крајот, додека на 35-тиот од 50 круга Норис го престигна Расел.
Пјастри имаше солидно возење, но четвртото место го оддалечи уште повеќе од титулата, а една од главните приказни на денот беше одличното возење на Андреа Кими Антонели. Тој стартуваше од 17-тиот и заработи казна од пет секунди, но сепак заврши на многу високо петто место.

Претходно„Жолтата подморница“ преку Мајорка до четврта победа во низа
СледноНи 44 поени на Јокиќ не беа доволни Денвер да го победи Сакраменто