Голем „пех“ за Денвер: Јокиќ останува без еден од главните соиграчи повеќе од еден месец

0
фото: Denver Nuggets (X)

Кошаркарот на Денвер, Арон Гордон, претрпе истегнување на тетивата од втор степен и според инсајдерот Шамс Чаранија, неговата состојба ќе биде повторно оценета за четири до шест недели.

Повредата се случила за време на натпреварот против Хјустон кога 30-годишниот кошаркар не можел да го заврши натпреварот и го напуштил теренот во првата четвртина. Гордон влегол во натпреварот против Рокетс со непријатност во тетивата, по што и се случила повредата.

Ова е веќе втор голем „пех“ за Денвер по повредата на Кристијан Браун, кој претходно беше надвор од игра подолго време.

ПретходноФудбалски „доктор“: Роналдо и на 40 години постигнува голови со „ножички“ (ВИДЕО)