Многу потешко од очекувањата, тимот на МЗТ Скопје вечерва успеа да слави на гостувањето во Кавадарци, кај тимот на Тиквеш со минимални 82:85.
Иако на стартот на мечот ништо не наговестуваше дека истиот ќе биде неизвесен, сепак, домаќинот, но и гостинот кумуваше тоа така да биде.
Првата четвртина МЗТ Скопје рутински ја доби со 15:28, а и втората со 18:21. Сепак, во вториот дел домаќинот успеа да ја консолидира играта, пред се очигледно одбраната, па најпрво ја доби третата делница со 27:18, за да во последниот дел, мечот навистина стане неизвесен.
МЗТ Скопје сепак, за нијанса посконцентриран во самиот финиш и успеа да ги освои реално веќе оспланираните бодови.
Најјефикасен на мечот беше Бошалевски со 19 поени додека пак кај гостите најдобар Гил со два помалку.










