МРК Куманово водеше цел натпревар, но победата отиде во Прилеп

0
фото: МРК Куманово (Facebook)

Со гол во последните секунди од мечот, ракометарите на Прилеп заминуваат како победници од вечерашното гостувањето во Куманово. Иако домашните водеа скоро во текот на целиот натпревар, а имаа предност и на полувреме (15:14), Прилеп беше упорен и во завршницата успеа да направи пресврт за победа.

За прилепчани ова беше петта сезонска победа, а кумановци не успеаја да дојдат до трет триумф и остануваат кон самото дно на табелата.

ПретходноХетафе со автогол му подари победа на Атлетико (М) (ВИДЕО)