Со својот втор гол оваа сезона во белгиското првенство, Давид Тошевски и донесе победа на својата екипа Дендер на гостувањето кај Антверпен во денешниот натпревар од 15. коло.
Ова беше прва победа на Дендер оваа сезона, а за Тошевски гол кој полека го враќа во голгетерска форма. Дендер е закован на последното место на табелата и ќе му треба голема битка и пожртвуваност до крајот на сезоната да се избори за опстанок во елитата.
Тошевски денеска беше стартер за Денсер и го постигна водечкиот гол за 0:1 во 50. минута. Само десетина минути подоцна, тој мораше да го напушти теренот поради повреда.










