Уф, каков пресврт: Норис и Пјастри дисквалификувани во Лас Вегас, Макс се враќа во игра за одбрана на тронот!

23
Фото: Формула1/Твитер

ФИА ги завршила сите проверки на болидите на Мекларен по Гран-при трката во Лас Вегас и донела конечна одлука – Ландо Норис и Оскар Пјастри биле дисквалификувани од резултатите од трката.
Причината за дисквалификацијата е прекумерното абење на плочата, што очигледно ги прекршило техничките прописи на ФИА.
Во техничкиот извештај е наведено дека дебелината на плочата на двата болида била помала од минималните дозволени 9 мм, што е идентично со прекршокот за кој Хамилтон и Леклер беа дисквалификувани претходно оваа сезона. Дисквалификацијата значи дека Мекларен ги губи сите бодови заработени во Лас Вегас.
Одлуката автоматски го враќа Макс Верстапен во целосна борба за титулата, бидејќи сега Холанѓанецот ја намалил разликата во бодовите и е поблиску до лидерот во шампионатот. Во следните трки, Мекларен ќе мора да обрне дополнително внимание на абењето на плочата, што може да влијае на перформансите на болидот на крајот од сезоната. Овој двоен удар доаѓа во клучен момент, само две трки пред крајот на сезоната, и целосно ја менува динамиката на борбата за титулата во Ф1.
Верстапен сега влегува во Абу Даби и Катар со очигледно зголемени шанси да го загрози Норис.

Сега бодовното салдо е Норис 390, Верстапен 366 Пјастри 366, на две трки до крајот и едн спринт.

 

ПретходноФаворитите сигурни во шестиот одбојкарски викенд сезонава