Фаворитите сигурни во шестиот одбојкарски викенд сезонава

0
ФОТО: Odbojkarska Federacija na Makedonija

Без изненадувања минаа натпреварите од шестото коло во Првата лига мажи. Фаворитите беа сигурни во соочувањата со своите ривали и рутински стигнаа до трите бода.

Лидерот на табелата Штип УГД има „шест од шест“ победи и максимални 18 бода по триумфот над Лирија од 3:0 на гостински терен.

Шампионот Струмица 47&72 и Работнички 71&22 го следат штипскиот состав на второто, односно третото место според пласманот. Струмица без посериозни проблеми го победи Универзитет во Тетово, додека Работнички одигра интересен дуел со Сушево, кој го доби со 3:1 и притоа се искачи и позиција повисоко на табелата.

Шкендија со максимална победа над дебитантот Скопје го отвори шестото коло од претходо, додека последниот дуел се игра в понеделник за кога е закажана средбата меѓу ГОК Борец и Весна Пробиштип, која од 19:30 часот ќе има и директен пренос на МРТ3.

ПРВА ЛИГА МАЖИ, 6. КОЛО

ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ 3:0 (25:19, 25:19, 25:10)

СТРУМИЦА 47&72 – УНИ ВО ТЕТОВО 3:0 (25:13, 25:11, 25:18)

ЈАНТА ВОЛЕЈ – МАКЕДОНИЈА ЏИО 1:3 (21:25, 13:25, 25:23, 13:25)

ЛИРИЈА – ШТИП УГД 0:3 (17:25, 11:25, 25:27)

РАБОТНИЧКИ 71&22 – СУШЕВО 3:1 (25:27, 25:21, 25:18, 25:17)

ГОК БОРЕЦ – ВЕСНА ПРОБИШТИП 24.11.2025 19:30ч. (ТВ)

ПретходноДа се знае кој е кој: Првите овации на “Камп Ноу“, не беа за Јамал, туку… (ВИДЕО)