Уште еден импресивен настап прикажа маестралниот Словенец Лука Дончиќ.
Лејкерсите ја победија Јута Џез со 108:106 на гостински терен, а апсолутен херој на триумфот беше словенечката суперѕвезда. Дончиќ го заврши натпреварот со 33 поени, 11 скока, осум асистенции и три украдени топки.
Лука го изведе и најатрактивниот потег на вечерта. Тој пресретна додавање од искусниот Кевин Лав, изведе контранапад, а потоа му ја протна топката низ нозете на поранешниот шампион на НБА, а потоа беше причината за актрактивниот финиш.
Коментаторот, кој го пренесуваше овој натпревар, не можеше да се свести по чудотворниот потег на Словенецот.
„Ооо Лука, Лука Лука… Лејкерс Шоутајм“ извика Американецот за време на преносот во живо.
Погледнете го магичниот потег кој брзо стана хит на мрежите:










