Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Марјан Илиевски прозиваше за птретквалификациските дуели за пласман на ЕП 2029 година. Македонија во првиот циклус ќе игра против Азербејџан на домашен терен и против Ирска на гости. Ова се две селекции кои кошаркарски не стојат добро, па оттука е јасно која е целта на Македонија.
„Во летниот период се соочивме со нешто што се случи преку ноќ. Имавме информации, дезинформации, чаршиски муабети… но тоа ќе го оставиме во минатото. Вратите се отворени за сите кои се на располагање. Оние кои играа летоска го дадоа својот максимум, можеби и над максимумот. Надополнети сме со играчи кои се поискусни, што не значи дека многу работи се менуваат, но значи дека играчите кои имаат носено поинакви мечеви се присутни тука и сигурно ќе бидат од значење, не потценувајќи никого што беше тука за време на летото, бидејќи нивното време доаѓа.
Азербејџан и Ирска, не постојат држави кои не играат кошарка. Да не ги кажуваме предвреме нашите очекувања, секој пат ќе биде тоа да дадеме 100% од себе и да се победат дуелите. Но, не сакам никој да не сфати здраво за готово и дека за три дена ќе видиме нешто ново, иако тоа се играчи што играле долго време во репрезентацијата. Овие три дена кои ги имаме на располагање ќе ја воиграме нашата замисла и играчите да одговорат максимално што можат.
Азербејџан од она што го имаме како информација го менуваат странскиот играч. Претходно имаа центар, сега имаат плејмејкер. Се работи за играч кој низ клубовите бил во носителите, па сигурно е дека ќе се промени нивната тактика на терен затоа што имаат носител-играч на друга позиција. И останатите играчи им настапуваат, но не оставаат некаква конкретна и јасна слика, секој меч им е различен од другиот. Некој меч се длабоко во негатива, некои мечеви се близу до победа, така што ќе говориме по мечот“, анализира предводникот на нашиот најдобар национален тим.










