Многу интересен натпревар се одигра синоќа помеѓу Јута Џез и Лос Анџелес Лејкерс, а гостите победија со 106-108.
Натпреварот го одбележа Лука Дончиќ, кој уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите играчи во НБА. Тој стана првиот играч во историјата на лигата што постигнал повеќе од 400 поени и 100 асистенции во првите 12 натпревари од сезоната.
Досега, Лука Дончиќ постигна 414 поени и 107 асистенции во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.
За да биде уште пофасцинантно, Дончиќ не играше во сите натпревари оваа сезона бидејќи пропушти три натпревари поради повреда.
Кога станува збор за натпреварот што се одигра, гостите беа тие што имаа мала предност, и на полувремето заминаа со водство од 62:55. Третата четвртина и припадна на домашната екипа, а последната четвртина од натпреварот беше 84:81 за Лејкерси.
Домашната екипа исто така ја доби последната четвртина, но само со еден поен разлика, што на крајот значеше победа на Лејкерси од 108:106.
Дончиќ постигна 33 поени, имаше 11 скока и осум асистенции, а беше на две асистенции од трипл-дабл. Леброн Џејмс беше стрелец на 17 поени. На другата страна Џорџ имаше 27 поени.
Кошаркарите на Бостон го добија натпреварот дома против Орландо Меџик со 138:129. Најдобар играч во тимот на Бостон беше Браун, кој постигна 35 поени, имаше четири скока и осум асистенции. Кога е во прашање Орландо, Хауард беше подобар од останатите, кој постигна 23 поени, имаше седум скока и три асистенции.










